Со навивачи е полесно, Вардар преку Мешков до прв триумф во Лигата на шампионите

4 mins read

Ракометарите на Вардар ја остварија првата победа во новата сезона во Лигата на шампионите, откако во второто коло го совладаа Мешков Брест со 35:27.

Најавите на тренерот Веселин Вујовиќ дека Вардар не е Вардар без навивачите, односно Комитите, уште еднаш се потврдија како точни. Поддршката од навивачите не изостана, а ракометарите им се оддолжија со победа.

Со навивачи на трибините е полесно//Скопје, Македонија/22 септември/фото: Слободен печат: Драган Митрески

По две кола, Вардар има три бода во Групата А, откако во првото коло ремизираше со Елверум.
Црвено-црните“ одлично го започнаа натпреварот, голот на Моралес во првиот напад беше најава за добра вечер на ракометарите. Згора на тоа, Мартин Томовски го одбрани првиот удар кон неговиот гол.

Воведните минути му припаднаа на Јоел Моралес кој ги постигна првите три гола за Вардар, а потоа на сцена стапи и Филип Талески кој даде два гола по ред со кои им донесе предност на „црвено-црните“ од 6:2.

Вардарци играа одлично од првата до последната минута/Скопје, Македонија/22 септември/фото: Слободен печат: Драган Митрески

Белорусите се обидоа да возврата преку Кашпарек кој постигна три гола по ред, и со голот на поранешниот вардарец Сташ Скубе, Мешков намали на 7:5.

Гостите успеваа да ја одржуваат негативата од два гола до 21 минута кога Вардар со серија од 5:1 од 11:9 дојде до предност од 16:10 и со идентична предност (19:13) заминаа на одмор.
Во првото полувреме одлично играа Кевин Њокас кој даде четири гола, како и Дибиров и Моралес кој постигнаа по три гола.

Кевин Њокас уште еднаш потврди дека ќе биде одично засилување за Вардар/Скопје, Македонија/22 септември/фото: Слободен печат: Драган Митрески

На стартот од второто полувреме се играше гол за гол, се до 37 минута кога судиите го ислклучија Жереми Тото, и Мешков негативата од седум гола (22:15) ја намали на само три (22:19). Но, Стоилов погоди за 23:19 во моменти кога Вардар имаше играч помалку на теренот. Вардар потоа со двата брзи гола на Дибиров и Моралес повторно има пет гола предност (25:20).

Навивачите беа осмиот играч на Вардар/Скопје, Македонија/22 септември/фото: Слободен печат: Драган Митрески

Сите обиди на ракометарите на Мешков Брест да ја вратат резултатската неивесност со мини серии од два гола, беа одбиени со иста мерка на спротивната страна. На десет минути до крајот на натпреварот, Вардар со двата гола на Кевин Њокас и на Тото, поведе со 30:24 со што ја најави победата и до крајот на натпреварот единствена непознаница беше со колкава разлика ќе слават „црвено-црните“. На крајот Вардар победи со 35:30.

Вардарци на крајот заслужено победија/Скопје, Македонија/22 септември/фото: Слободен печат: Драган Митрески

Одлична партија имаше Кевин Њокас кој постигна осум гола и уште еднаш покажа дека ќе биде одлично заслилување за Вардар, а по пет гола дадоа Моралес и Тибиров додека Мартин Томовски на голот имаше 10 одбрани. Во редовите на Мешов Брест, Кашпарек даде шест гола, а Скубе и Јуринок дадоа по пет гола.

Вардарци наредната недела повторно ќе играат на домашен терен, во третото коло во СЦ Јане Сандански доаѓа европскиот вицешампион Алборг.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Модуларни болници: Секој директор со различна приказна

Следно

Борел повика на итна деескалација на северот на Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian