Шпанија донираше вакцини за Латинска Америка и Карибите

1 min read

Шпанија ќе донира 7,5 милиони дози вакцини против Ковид на 19 земји од Латинска Америка и Карибите, објави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез.

Тој додаде дека Шпанија, исто така, ќе донира уште 7,5 милиони дози вакцини за земјите од субсахарска Африка и јужна Европа, објави Ројтерс.

Со овие најнови донации, придонесот на Шпанија во рамките на програмата Ковакс е зголемен на 30 милиони дози, изјави шпанскиот премиер пред новинарите пред да учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

 

 

Извор: Ројтерс

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сашко Коцев со фотографија ја одбележа 9-тата годишнина од бракот со сопругата

Следно

Мец ги намачи „светците“, ПСЖ во судиското продолжение дојде до победата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian