Откако го објавивме статусот на социјалните мрежи на г-дин Филип Петковски на Слободен печат, на 10.08.2021 министерката за култура Ирена Стефоска, на отворениот повик на УНЕСКО за Програмата за млади професионалци 2021 во Париз, номинираше листа на кандидати кои ги исполнуваат условите. Прв на листата е токму Филип Петковски.
-При овој избор, секако, огромна улога имаа квалификациите наведени во неговото CV кое, заедно со препораката од министерката, е испратено во седиштето на УНЕСКО во Париз, се вели соопштението испратено до нашата редакција.

Филип Петковски е Македонец кој иако дипломирал на престижен универзитет и има квалификации и богата биографија, таа долго време остана непрочитана.
Извор: www.slobodenpecat.mk