Откако дербито во БиХ беше прекинато, запален автомобилот во кој беше судијата на мечот

1 min read

По прекинатиот дерби натпревар од првенството во Босна и Херцеговина помеѓу ФК Вележ и ФК Борац во Мостар, автомобил со претставници на тамошната Фудбалска федерација бил пресретнат синоќа на враќање кон Сараево, потврдено е од Министерството за внатрешни работи на ХНК.

– Синоќа во 23.45 часот на главниот пат М-17 во тунелот Лендава помеѓу Јабланица и Коњиќ, сив автомобил „Голф“ го престигна патничкото возило „Мерцедес“ во кое имаше членови на Фудбалската федерација на БиХ. Возилото претрпело материјална штета, а бил фрлен факел во возилото кое изгорело. Едно лице од возилото побарало лекарска помош. Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот – изјави за „Н1“, Људевит Мариќ, портпарол на Министерството за внатрешни работи на ХНК.

Според неофицијални информации, во возилото биле судијата Сабрија Топаловиќ, неговиот помошник Адмир Шеховиќ и надзорникот на судењето Аднан Алиспахиќ. Алиспахиќ наводно побарал медицинска помош.

БИХАмк соопшти дека сообраќајот во Лендава бил отежнат поради истрагата што е во тек.

Навивачите на Вележ претходно, незадоволни од судењето го прекинаа натпреварот по вториот гол на Борац, кој го постигна Стојан Врањеш во 82 минута.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вакцина против ковид-19 вчера примиле 12 099 граѓани, ревакцинирани 697 847

Следно

Бугарија има проблем со антиваксери: Социолозите опишаа како изгледа просечниот антиваксер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian