Осум жени се убиени во Хрватска за осум месеци оваа година

1 min read

Во Хрватска минатата година беа убиени 19 жени, а осум во првите осум месеци годинава, објавено е денеска по повод одбележувањето на Националниот ден за борба против насилство врз жените и во семејството.

– Минатата година беа пријавени 1.578 кривични дела за семејно насилство, а жените на возраст од 45 до 55 години се со најголем ризик, изјави министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

Тој додаде дека ќе ја фокусира дополнителната енергија на виртуелна злоупотреба, говор на омраза и насилство преку интернет, против сите форми на дискриминација, сексуално насилство и трговија со жени и деца.

Според полициските статистики, семејното насилство најчесто се случува кон средината на неделата, во среда, и според образовниот статус на сторителот, 61,64 проценти имаат завршено средно училиште, 21,92 проценти имаат основно училиште, додека 16,41 проценти се високообразовани.

Индикаторите покажуваат дека во првите осум месеци годинава, вкупниот број случаи на семејно насилство е намален за 16,7 проценти во споредба со истиот период минатата година, но истовремено бројот е зголемен за 14,7 проценти во споредба со претходната година.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Првенците на генерација во Општина Аеродром добија по 10.000 денари

Следно

Двајца од пациентите кои го преживеаја пожарот во Тетово сѐ уште се во болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian