Милош Земан пуштен од болница

1 min read

Чешкиот претседател Милош Земан денеска беше пуштен од Централната воена болница во Прага, каде беше примен на 14-ти септември поради влошена состојба од дехидрација и исцрпеност.

Подоцна од неговата канцеларија беше објавено дека Земан (76) ги поминал потребните здравствени прегледи и анализи, кои не откриле никаков проблем или болест, што може да го загрози неговиот живот, пренесува АП.

Од слични причини, во 2019-та година, тој помина четири дена во истата болница.

Земан е пушач и боледува од дијабетес и невропатија, а има и проблеми со одење, поради што користи инвалидска количка.

Хоспитализиран претседателот на Чешка од засега непознати причини

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Велосипедист од Скопје тешко повреден откако бил удрен од камион

Следно

Денеска и утре ветровито со минимални температури и до нула степени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian