Македонскиот репрезентативец Спировски ја продолжува кариерата во Украина

1 min read

До крајот на минатата сезона Стефан Спировски беше дел од кипарската екипа на АЕК Ларнака, а годинава ќе има нов интернационален клуб.

Нема и натаму потврда од клубот, но од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информираат дека во новата сезона 31-годишниот играч од средниот ред ќе настапува за украинскиот тим на Мариупол.

Во својата кариера фудбалерот од Битола освен за АЕК Ларнака, беше дел уште од Пелистер, Борац Чачак, Работнички (позајмица), Берое, Вардар, Ференцварош и Хапоел Тел Авив.

За најдобрата македонска репрезентација има досега вкупно 40 настапи и еден погодок.

Во најсилното украинско првенство после осум одиграни натпревари сезонава Мариупол е моментно на претпоследната 15 позиција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денеска и утре ветровито со минимални температури и до нула степени

Следно

Mоќни антиоксиданти за подобар имунитет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian