Куманово ќе донира 100.000 денари за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница

1 min read

Советот на Општина Куманово на денешната седница едногласно донесе одлука за давање на финансиска поддршка за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница. Куманово за семејствата ќе одвои 100.000 денари.

– Длабоко сочувствуваме со овие семејства, знаеме дека нивната загуба не може никој да ја надомести средствата не се високи, ова е мал гест и сакаме да им покажеме дека сме со нив во овие тешки моменти, изјави Ивана Николиќ, советник од СДСМ.

Таа додаде дека ако постои финансиска пречка за исплата на овие средства, тогаш парите ќе бидат исплатени по одржувањето на локалните избори.

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Шандева Доневска рече дека предлогот потекува од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

– Сумата не е висока, но сакаме да покажеме дека сочувствуваме со болката на семејствата, како луѓе. Посакуваме на никој да не се случи вакво нешто. Ги повикувам надлежните институции да направат ревизија за да не се повтори ваков настан-изјави Шандева Доневска.

Ова не е прв пат советниците од Куманово да доделат средства за жртви и штети од елементарни непогоди, поплави, земјотреси не само од државата, туку и на градови од соседните држави, Србија, Албанија, БиХ.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови мерки во Германија: Невакцинираните кои ќе работат од дома нема да земаат плата

Следно

ВИДЕО: Супер Марио му се одмазди на тренерот кој го нарече Балотели „без мозок“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian