Изменетото финансирање на општините ќе им донесе финансиска стабилност и ефикасни услуги, вели Заев

1 min read

Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, чиј дополнет и изменет текст вчера го усвои Владата, е чекор до системско решение за стабилни финансии и ефикасни услуги на општините, соопштија од „Илинденска“.

Премиерот Заев рече дека Владата, како централна власт, е „должна да ги подобри условите за живот на сите граѓани во секој град, општина и населено место и со таа цел, работи заедно со општините за реализација на развојни проекти“.

Тој потсети дека во 2018 година, со 50 милиони евра од државната каса, Владата им помогна на општините да сервисираат половина од својот долг, со цел да се ослободи развојниот потенцијал на општините кој со години се таложеше во долгови и блокирани сметки. Заев вели дека сега се оди со трајни законски решенија за системска функционалност и самостојна работа на општините за финансиска независност, градење капацитети и услови за привлекување нови инвестиции за економски развој.

Министерот за финансии Фатмир Бесими нагласи дека реформата се состои од три столба: зголемување на фискалниот капацитет на општините и зголемување на приходите на општините, зголемување на финансиската дисциплина на општините, намалување на долговите и домаќинско работење и зголемена транспарентност и отчетност.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Три случаи на физички напади пријавени во Скопје

Следно

Шкендија, Шкупи и Борец последни осминафиналисти во Купот на Македонија

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian