Бруклин подготвува нови договори за Харден и Ирвинг

1 min read

Екипата на Брјуклин нетс планира да ги задржи трите големи НБА ѕвезди, Кевин Дурент, Џејмс Харден и Кајри Ирвинг на подолг период. Управата на Бруклин веќе го продолжи договорот со Дурент, а се подготвува истото да го направи и со останатите две супер ѕвезди.

Дурент потпиша четиригодишен договор вреден 198 милиони долари, а слична сума ги очекува и Ирвинг и Харден.

 

– Мислам дека е добро што наскоро ќе имаме разговори очи во очи, а досега постојано сме имале добри разговори со двајцата играчи. Будејќи е лето, ние не вршиме притисок врз нив и им даваме време да се опуштат и да се одморат. Затоа едвај чекаме да се видиме во наредните недели – изјави Шон Маркс, генералниот менаџер на Бруклин нетс.

Бруклин нетс летово и на трансфер пазарот ги покажа шампионските амбиции бидејќи се засили со Пол Милсап кој дојде од Денвер како и со бекот на Сан Антонио Пети Милс, а договори потпишаа и ветераните Блејк Грифин и Ламаркус Олдриџ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови 491 случаи на коронавирус и 16 починати

Следно

Документот за кој општина Тетово тврди дека не е надлежна, е на нејзината веб-страница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian