64-годишен скопјанец уапсен поради измама

1 min read

На 21.09.2021 околу 15.30 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б. А.К.(64) од Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.   

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Нега на кожата според крвните групи: Што му годи на вашето лице и како да го негувате?

Следно

Виена ги заострува анти-ковид мерките

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian