Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес во 16 часот и 04 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 140 км југозападно од Скопје.
-Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.6, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје.
Потресот беше со епицентар на шест километри од градот Клос, односно 24 киломери североисточно од Тирана, а е почувствуван во Круја, Тирана, Пешкопеја и други градови во Албанија.