„Во одбрана на дрвјата во Аеродром“ – најавен протест против сакатење на белите дробови на Скопје

1 min read

Од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ утре ги повикуваат сите жители на Аеродром, и воопшто скопјани, на протест под мотото „Во одбрана на дрвјата во Аеродром“. 

-Кај обележаните дрвја за сечење кај ул. Васко Карангелески стигнала механизација. Од утре ќе почнеле со проширување на улицата. Нема да дозволиме сакатење на белите дробови на еден од најзагадените градови во светот. Локалната власт во заминување ветуваше зелени површини, а наместо тоа донесе уште поголема бетонизација и сечење на дрвја. За да биде лицемерието поголемо, новиот кандидат за градоначалник на Аеродром од СДСМ кажува дека ќе се грижел за зеленилото, за зеленило што ќе го исече неговата партија ли ќе се грижи?, прашуваат од ЗХГ кои повикаа на масовен одзив на протестот.

-Ги повикуваме сите граѓани кои не сакаат да живеат во бетонски град да дојдат утре во 10 часот спроти ОУ Љубен Лапе до Воениот базен заеднички да го сопреме ова лудило, се вели во нивниот повик. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Филип: Можам да предавам на најмалку 4 универзитети, зошто никој не сака да ми го прочита CV-то и да ми даде шанса

Следно

Еруптираше вулкан на Канарските острови, уништени се голем број на куќи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian