ВИДЕО: Талибанците го уништуваат културното наследство

2 mins read

Уништувањето на културното наследство на Авганистан не е ништо ново за талибанците. Кога беа на власт за последен пат, тие кренаа во воздух споменик од листата на светско наследство на УНЕСКО, забранувајќи им на жените да работат и да одат на училиште. Сега, Талибанците велат дека се реформирале, но нивните постапки зборуваат погласно од сите празни приказни.

Кога го освоија Авганистан кон среедината на септември, тррралибанците се обидоа да се претстават во поинакво светло, како организација која го почитува исламскиот закон, но не ги негира човековите права на својот народ и ја почитува неговата традиција и култура.

Се испостави дека не е така. Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како ја уништуваат тврдината Грешк во провинцијата Хелманд, бидејќи е во спротивност со нивното толкување на исламот.

Според жител на Хелманд, тврдината била срушена наводно за да отстапи место за изградба на медреса или верско училиште во таа област.

Градот Греск е изграден околу утврдувањето покрај реката Хелманд. Тврдината ја држеа британските сили за време на првата англо-авганистанска војна во 19 век.

Според традицијата, тврдината е местото каде што Тимур, основачот на Тимурската империја, во која беа вклучени денешен Авганистан, Иран и Централна Азија, еден од најголемите воени водачи и тактичари во историјата, ја загуби ногата.

Талибанците го направија најголемото „злосторство“ против светското културно наследство поради величествените статуи на Буди од Бамијан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Актерката Хурем Султан објави фотографија со својот татко, според обожавателите тие се идентични

Следно

ВИДЕО I Луксузен замок: Погледнете како изгледа новиот дом на Меси во Париз

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian