ВИДЕО: Суарез не дозволи нов кикс на Атлетико Мадрид

1 min read

Градското дерби во шестото коло во Ла Лига му припадна на Атлетико Мадрид кој со 2:1 го совлада Хетафе. Човек на одлука беше Луис Суарез кој со голот во финишот му донесе три бода на својот тим и не дозволи втор натпревар по ред да не оствари победа.

Екипата на Хетафе цели десет години немаше постигнато гол во дуелите со Атлетико Мадрид, а вечерва поведе со 1:0 откако Стефан Митровиќ го матира Јан Облак во 45 минута.

Но, во второто полувреме на сцена стапи Луис Суарез кој прво во 78 минута донесе израмнување, а потоа во 90 минута на асистенција на Шиме Вршаљко постигна уште еден гол за победа и три бода за Атлетико Мадрид.

Со трите бода, Атлетико Мадрид се искачи на првото место на табелата со 14 бодови, еден повеќе од Реал Мадрид кој има и натпревар помалку, додека Хетафе е претпоследен без ниту еден освоен бод досега.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Земјотресот во Албанија почувствуван и во Македонија

Следно

Милановиќ: Мислам дека Вучиќ е горд на својата улога во војната

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian