Лионел Меси беше ѕвезда во летниот преоден рок откако по 20 години поминати во Барселона, се пресели во ПСЖ каде повторно игра заедно со Нејмар, но и со Килијан Мбапе.
Аргентинецот се уште се привикнува на животот во Париз, а моментно е во потрага по дом во кој ќе живее заедно со сопругата Антонела Рокуцо и трите сина, Тијаго, Матео и Чиро.
Според француските медиуми, нов дом на Меси би можел да биде замок од 19 век.
Станува збор за замок кој е изграден 1899 година и има 2.000 квадрати и 30 соби. Покрај тоа има и затворен базен, неколку тајни подземни простории, кино, теретана, терен за сквош, неколку гаражи како и простории за персоналот. Замокот се наоѓа на 15 километри од тренинг центарот на ПСЖ.
Погледнете како изгледа потенцијално новиот дом на Лионел Меси во Париз: