Стејт департмент: Изборите во Русија се оддржаа во непогодни услови

2 mins read

Стејт департментот тврди дека изборите за Државната дума на Руската Федерација се оддржале во непогодни услови за слободен и фер процес, а употребата на закони за „странски агенти” и „есктермистички организации” е ригорозно ограничувачки за плурализмот и граѓанските права во Русија, пренесува Ројтерс. 

„Руската Влада употребува закони за „екстремистички организации, „странски агенти” и „непожелни организации”, ригорозно ограничувачки за политичкиот плурализам кои го спречуваат рускиот народ во практикувањето на нивните граѓански и политички права“ се наведува во синоќешното соопштението. 

Во соопштението тие додаваат дека забраните наметнати од руската Влада заедно со опширните напори да се маргинализираат независните политички актери, исто така, спречија Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права и нејзиното Парламентарно собрание да ги набљудува изборите, со тоа ограничувајќи ја транспарентноста која е клучна за фер избори. 

Од Стејт департемнтот потсетуваат дека дејствијата на руската официјална власт се во спротивност на обврските на Русија, вклучувајќи го Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, како и обврските кон ОБСЕ и меѓународните и регионални тела.

„Ја повикуваме Русија да ги почитува своите меѓунардои обврски, да ги почитува човековите права и основни слободи и да запре со кампањата на пресија врз граѓанското општество, политичката опозција и независните медиуми”, истакнув Стејт департментот во соопштението. 

Оттаму потсетија и дека САД не признаваат оддржување избори за руската Дума на украинска суверена територија и повторно ја истакнуваат својата одлучна поддршка за територијален интегритет и суверенитет на Украина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

152 сообраќајни прекршока во Скопје, 45 за брзо возење

Следно

МОН: Повторени конкурсите за стипендии за ученици во дуални паралелки и во тригодишно стручно образование

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian