Русија ја продолжува забраната за увоз на храна од ЕУ и САД

1 min read

Рускиот претседател Владимир Путин ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ и САД до декември 2022-ра година, со што Москва им возврати на санкциите на Западот против Русија поради анексијата на Крим, пренесува Дејли Сабах.

Москва забрани увоз на млечни производи, месо, овошје и зеленчук, и, според декретот издаден во понеделникот, забраната ќе биде продолжена, бидејќи Русија мора да ги заштити своите национални интереси.

Путин постојано повторуваше дека ембаргото ќе ја подобри самодоволноста на Русија, на пример во млечната индустрија, и со тоа ќе ја намали зависноста од увезената стока.

Покрај ЕУ и САД, ембаргото ги опфаќа Австралија, Канада и Украина.

Многу производи од Западот продолжуваат да го наоѓаат својот пат до Русија, и покрај забраната, како што е сирењето од Италија и Франција, многу популарно меѓу најбогатите московјани.

Русија досега уништи неколку тони храна за да спречи такви активности на црниот пазар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неколку улици и булевари во Скопје утре затворени за сообраќај

Следно

БРИМА: Ексклузивното право на користење на резултатите од истражувањето е купено од „Слободен печат“ и не е платено од страна на Владата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian