Речиси 80 проценти од Палестинците сакаат Абас да поднесе оставка

1 min read

Речиси 80 проценти од Палестинците сакаат да поднесе оставка палестинскиот претседател Махмуд Абас, што се смета за одраз на гневот на јавноста поради смртта на уапсен активист и задушување на протестите во текот на летото, покажуваат новите анкети на јавното мислење.

Поддршката за Хамас – ривалот на Абас, се зголеми по единаесетдневната војна во појасот Газа во мај и останува висока.

Палестинците веруваат дека исламскиот екстремистички Хамас го победи многу посилниот Израел во таа војна, додека Абас, кој има поддршка од Западот, беше потиснат.

Анкетата на Палестинскиот центар за политика и истражување покажа дека 45 проценти од Палестинците веруваат дека Хамас треба да ги претставува, додека само 19 проценти од испитаниците сметаат дека поумерениот Фатах на Абас ја заслужува таа улога.

Шефот на центарот Калил Шикаки изјави дека ова е најлош резултат од анкетата на јавното мислење за Абас (85) и дека палестинскиот претседател никогаш не бил во толку лоша ситуација како денес.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Златната копачка“ Левандовски проговори за своите планови во иднина, Реал Мадрид е минато?

Следно

17 починати лица и 554 нови случаи на коронавирус

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian