Протест во Мелбурн со неочекуван пресврт: Полицајците бегаат со возила, демонстраните нападнаа со шишиња и камења

3 mins read

Неколку стотици демонстранти вчера втор ден по ред се собраа на улиците во Мелбурн. Тие протестираат против рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, што директно го загрози нивното постоење, пренесува Ројтерс.

Синоќешните протести ескалираа кога демонстрантите се судрија со полицијата.

Демонстрантите ја нападнаа полицијата на протестите во Мелбурн/ Фото EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Тие се незадоволни бидејќи властите ја донесоа одлуката за затворање на градежната индустрија на две недели, поради лошите мерки за заштита при работата.

Министерството за здравство потврди нови 409 случаи на коронавирус кои се поврзани со луѓе кои работат во градежната индустрија.

„Како резултат на овие податоци, тимот за јавно здравје нема друг избор освен да го притисне копчето за пауза и да продолжи да работи со секторот во следните две недели со цел да се подобри усогласеноста и да се забави ширењето на вирусот“ рече министерот за здравје.

Оваа одлука ги налути работниците чиешто секојдневно преживување беше загрозено на овој начин и тие одлучија своето незадоволство да го изразат со протести на улиците во Мелбурн.

Видеата кои кружат на Твитер покажуваат како полицијата почнува да бега со автомобили откако гневните демонстранти тргнаа кон нив. Тие се обиделе брзо да ги свртат службените возила и да побегнат, меѓутоа, револтираните граѓани ги стигнаа.

Некои од нив почнале да фрлаат камења и шишиња по полициските автомобили, додека други отидоа чекор подалеку и почнаа да ги удираат возилата со рацете и да кршат прозорите на возилата.

Полициските автомобили потоа застанале и вооружените полицајци тргнале кон толпата, која во тој момент почнала да бега.

Полицијата се брани од насилните демонстранти во Мелбурн/ Фото EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Командантот на полицијата во Викторија, Марк Галиот, денеска им рече на новинарите дека се уапсени 235 демонстранти, меѓу кои 193 лица кои ќе бидат казнети за кршење на мерките за јавно здравје.

Многумина во коментарите го осудија насилното однесување на граѓаните, наведувајќи дека тие не го оправдуваат таквото насилство, како и дека ова не е начин да се добие посакуваната слобода.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Двајца скопјани нелегално пренесувале мигранти од Куба

Следно

Ковид-заразени 17 вработени и 76 ученици во 21 училиште во Куманово од почетокот на учебната година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian