Покрај Мбапе, ПСЖ летово одби понуда тешка 100 милиони евра за својот капитен

1 min read

Францускиот ПСЖ кој е во сопственост на катарските шеици, во последните моменти од летниот преоден рок ги одбија сите напади на Реал Мадрид за Килијан Мбапе, но медиумите открија дека за уште еден фудбалер на „светците“ постоел сериозен интерес.

Англиските медиуми откриваат дека Челси бил подготвен да понуди до 100 милиони евра за капитенот на ПСЖ, Маркињос.

Но, обидот на Челси да започне преговори со ПСЖ бие одбиен од страна на францускиот тим, а исто така и самиот фудбалер наводно не бил подготвен за преселба на „Стемфорд бриџ“.

Маркињос им соопштил на челниците на ПСЖ дека се чувствува одлично во Париз, а и со засилувањата од летниот преоден рок кога пристигнаа Лионел Меси, Серхио Рамос, Жоржињо Вајналдум, Ашраф Хакими и Џанлуици Донарума, верува дека „светците“ ова лето конечно ќе успеат да триумфираат во Лигата на шампионите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

17 починати лица и 554 нови случаи на коронавирус

Следно

Бројот на новозаразени лица во регионот повторно расте

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian