Почина Сара Дeш, пејачката на легендарната „Lady Marmalade“

1 min read

Пејачката Сара Дeш, која е една од основачите на американската група од 70-тите „Labelle“ со која ја испеаја легендарната песна „Lady Marmalade“, почина на 76 годишна возраст.

Пати ЛаБел со која настапуваа заедно во групата ја потврди тажната вест за смртта на Дeш со изјава на својот твитер-профил, изјавувајќи дека е длабоко потресена.

„Бевме заедно на сцена во саботата и тоа беше толку моќен и посебен момент! Сара Даш беше неверојатно талентирана, убава, топла душа која го благослови мојот живот и животите на многу други на повеќе начини од што можам да кажам. И секогаш можев да сметам на неа да ми го чува грбот! Таква беше Сара… лојален пријател и глас на оние кои го немаа. Јас сум скршена, како што знам дека се и нејзините блиски и обожаватели. Но, знам дека духот на Сара и сѐ што таа му го даде на светот продолжуваат да живеат! И се молам сеќавањето за неа да ни носи мир и комфор. Почивај во мир моја драга сестро. Те сакам засекогаш!“

Песната „Lady Marmalade“ се искачи на местото број еден на американската Билборд листа во 1975, и допре до новата публика преку препевот кој го испеаја Кристина Агилера, Пинк, Лил’ Ким и Мија за саундтракот за филмот „Moulin Rouge“ во 2001 година.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Белград со услов: Првин повлекување од северот на Косово па потоа продлжување на дијалогот

Следно

Физичка пресметка со остри предмети во село Батинци, учествувал и малолетник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian