Џонсон конечно призна колку деца има: Менувам еден куп пелени

1 min read

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој се подготвува да го пречека своето второ дете со сопругата Кери, се чини дека за прв пат потврди дека веќе има шест деца.

Во разговор за Ен -Би -Си за време на неговото патување во Америка, Џонсон беше запрашан како е да се биде татко и да се води државата, објави „Скај њуз“.

„Фантастично е. Тоа е многу работа. Многу е работа, ви велам многу, но го сакам ова, апсолутно го сакам и сакам да знаете дека менувам еден куп пелени – рече Џонсон.

Тој потоа потврди дека има шест деца, откако неговиот прв син со Кери, Вилфред, се роди во април 2020-та година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вчера во СВР Скопје повеќе пријави за физички напади

Следно

Шаќири: Владата ќе добие грант од 350.000 долари за реализација на електронски услуги

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian