Обид за државен удар во Судан

2 mins read

Суданските власти денеска објавија дека е извршен неуспешен обид за државен удар и дека армијата продолжува да ја контролира земјата.

“Се е под контрола. Револуцијата е победник”, напиша член на владејачкиот воено-цивилен совет, Мохамед ал-Фики Сулиман, на Фејсбук, а исто така ги повика Суданците да ја заштитат транзицијата, пренесува Би-Би-Си.

Неименуван воен функционер изјавил дека голем број војници од оклопната бригада стојат зад обидот за државен удар и дека се обиделе да заземат неколку државни институции, вклучително и зградата на радиото и телевизијата, но дека тие биле спречени да го сторат тоа.

Извештаите од главниот град Картум и блискиот Омдурман соопштија за интензивната воена активност, како и за затворените мостови што водат низ Нил.

Судан е на кревок пат кон демократска власт од соборувањето на долгогодишниот владетел Омар ал Башир во април 2019-та година, по четиримесечни масовни протести. Сега земјата е управувана од заедничка цивилна и воена влада која се соочува со огромни економски и безбедносни предизвици.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За година и половина центарци ќе добијат нова детска градинка

Следно

Маричиќ – Матуела: Почетокот на преговорите со ЕУ ќе дадe позитивен импулс во општеството

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian