Објавена листа на најевтини и најскапи држави за живот, еве каде е Македонија

2 mins read

Германскиот завод за статистика, Дестатис, објави анкета споредувајќи ги цените во 36 европски земји. Цените се земени од јули оваа година, што покажува дека животот во Европа е најскап во Швајцарија, додека е најевтин во Турција.

Истражувањето на Дестатис покажа дека трошоците за живот во јули 2021 година биле најскапите во Швајцарија.

– Таму, нивото на цените беше 51 отсто повисоко отколку во Германија. Спротивно на тоа, трошоците за живот во Турција беа за две третини пониски отколку во Германија, најниски од сите земји опфатени со истражувањето, се вели во соопштението.

Освен во Швајцарија, трошоците за живот беа повисоки во многу соседни земји на Германија. Во Данска, потрошувачите мораа да платат 28 проценти повеќе за потрошувачката кошница, во Луксембург за 25 проценти, во Холандија за седум, во Белгија и Австрија за пет проценти повеќе отколку во Германија и во Франција за четири проценти.

Споредбата со другите европски земји покажа дека постојат огромни разлики во трошоците за живот – тие беа 40 проценти повисоки во Исланд и 30 проценти повисоки во Норвешка, во споредба со Германија. Спротивно на тоа, животот во Полска е 46 проценти поевтин отколку во Германија и 28 проценти во Чешка.

Цените се пониски во Источна Европа

Истражувањето на германски Дестатис покажа и дека цените се пониски во Источна отколку во Западна Европа.

Во Бугарија, Романија и Босна и Херцеговина, трошоците за живот се околу 50 проценти пониски отколку во Германија, во Литванија и Хрватска 36 проценти, во Шпанија 13 проценти, а во Италија девет проценти.

Македонија, заедно со земјите од регионот – Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, е во групата на земји со ниски трошоци за живот. Резултатите од истражувањето се добиени во споредба со цените во Њујорк.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милановиќ: Мислам дека Вучиќ е горд на својата улога во војната

Следно

Изгаснат пожарот во адвокатската улица во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian