Момчињата од Авганистан не одат на училиште за да се солидаризираат со девојчињата

2 mins read

Голем број момчиња во Авганистан не одат на училиште солидарно со своите врсничкии, откако талибанците отворија училишта за момчиња, но не го споменуваат присуството на девојчиња во училниците.

Новото министерство за образование предводено од талибанците во петокот им нареди на службениците да го надгледуваат повторното отворање на приватните и јавните училишта и другите академски институции во земјата, почнувајќи од сабота за учениците од основните и средните училишта.

Во изјавата, сепак, не се споменуваат девојчињата.

– Сите машки ученици и машки наставници мора да бидат присутни во училиштата – се наведува понатаму.

Додека на девојчињата под 12 -годишна возраст им е дозволено да влегуваат во училници, талибанските причини за молчење за оние над оваа возрасна група се затоа што ова е време кога девојчињата започнуваат со менструација како дел од тинејџерските години, тврдат експертите.

Поради тоа, многу студенти одбија да одат на часови и одлучија да се солидаризираат со девојчињата.

– Денес не отидов на училиште за да покажам несогласување со талибанците и да протестирам против забраната девојките да одат на училиште – изјави Рохулах (18).

Тој додаде дека жените сочинуваат половина од општеството.

– Ова покажува дека Талибанците не се промениле. Нема да се појавам во училиштето додека не се отворат училиштата за девојчиња – рече тој, пренесува Индипендент.

Талибанските лидери ветија поддршка за образование и вработување на жените, но има извештаи дека жените се враќаат дома од работа.

Авганистанската наставничка Кудсија Кванбари рече дека момчињата и учениците треба да го бојкотираат училиштето.

– Да бев момче, немаше да одам на училиште додека сестра ми не може да посетува настава – напиша таа во објава на Фејсбук.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Изгаснат пожарот во адвокатската улица во Скопје

Следно

Рамадани: Сите се спремаат за локални, а всушност мислат на парламентарните избори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian