Меси нема да игра на следниот меч во француската „Лига 1“

1 min read

Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси нема да го игра следниот натпревар за париските „светци“, кои во среда навечер гостуваат кај тимот на Мец во најсилното француско првенство.

Оваа вест официјално ја објави ПСЖ, во кој се наведува дека Меси отишол на магнетна резонанца, потврдено е дека има повреда, удар на левото колено, и дека повторно ќе оди на преглед за 48 часа.

Меси беше во центарот на вниманието во последните неколку дена бидејќи одби да му подаде рака на тренерот Маурисио Покетино.

Имено, Покетино на дуелот со Лион одлучи да го испрати Аргентинецот на клупа, а Меси беше многу лут.

Никој не му веруваше на Покетино кога по мечот рече дека го извадил Меси од теренот поради повреда, а се чини дека тренерот сепак бил во право. Што се однесува до Меси, тој и натаму го чека својот деби гол во дресот на ПСЖ.

Французите загрижени: Меси е блед, повеќе не влијае на играта

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шаќири: Владата ќе добие грант од 350.000 долари за реализација на електронски услуги

Следно

Белград со услов: Првин повлекување од северот на Косово па потоа продлжување на дијалогот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian