Маричиќ – Матуела: Почетокот на преговорите со ЕУ ќе дадe позитивен импулс во општеството

1 min read

ЕУ перспективите на земјата и чекорите кои се преземаат во правосудството со цел зацврстување на правната држава беа теми на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ и вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела.

Маричиќ, како што соопшти Министерство за правда, на гостинката Матуела и ги претстави новите закони кои долго време се работеа во ресорното министерство, а се во насока на реформа во правосудството.

На средбата дополнително беше објаснет процесот на дигитализација на судовите и нивното опремување со софистицирана информатичка технологија. Во однос на ЕУ интеграциите, Маричиќ кажа дека отворањето на преговорите ќе даде нов силен и позитивен импулс во општеството и додаде дека европските интеграции се високо на агендата на Владата.

Маричиќ и Матуела разговарале и за пописот кој во земјава се спроведува по речиси 20 години. Министерот за правда ја информираше Матуела дека теренското пребројување се одвива во најдобар ред и дека се очекува успешно да заврши. Досега се попишани над 1 100 000 граѓани.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Обид за државен удар во Судан

Следно

Македонските теквондисти со 10 медали на меѓународниот турнир во Белград

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian