Германец убил вработен на бензинска бидејќи не сакал да носи маска

1 min read

Германската полиција уапси 49-годишен маж осомничен за убиство на работник на бензинска пумпа во градот Идар-Оберштајн по расправија за заштитна маска, пренесува АП.

Властите велат дека осомничениот и рекол на полицијата дека реагирал од гнев откако 20-годишен работник побарал од него да стави маска.

„За време на сослушувањето, тој исто така изјави дека ги одбил да ги почитува мерките воведени против ковид -19“, се вели во соопштението на полицијата.

Задолжителното носење на маската во затворени простории е една од мерките воведени во Германија за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Според полицијата, осомничениот првично ја напуштил пумата по расправија, но повторно се вратил со маска на лицето, по што го застрелал работникот, а потоа побегнал од местото на злосторството.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Пајакот“ во Центар за една недела кренал 76 возила

Следно

ДЗС: Попишани вкупно 1 132 484 лица, 353 256 домаќинства и 480 364 станови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian