Французите загрижени: Меси е блед, повеќе не влијае на играта

1 min read

Тиражниот француски „Ле Паризиен“ го критикуваше напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси по реакцијата на натпреварот од последното коло во „Лига 1“ против Лион.

Аргентинскиот напаѓач беше заменет во 76 минута, а кога го напушти теренот, не сакаше да се поздрави со тренерот на „светците“, Маурисио Покетино.

Сите светски медиуми пишуваат за потегот на Меси во неделата вечерта, а „Ле Паризиен“ отиде чекор подалеку.

– Неговиот престој во Париз ќе биде поголем предизвик отколку што се очекуваше. Меси е блед. Ја спушта главата надолу, оди по теренот и повеќе не влијае на играта – пишува за фудбалот „Ле Паризиен“.

Меси за првпат играше пред публиката на Паркот на принцовите минатиот викенд, а во првото полувреме ја погоди пречката од слободен удар. Тој досега нема постигнато ниту еден гол оваа сезона.

Во моментот кога 34-годишниот фудбалер ја напушти играта, резултатот беше 1:1, а Меси исто така е критикуван дека реагираше рамнодушно по решавачкиот гол на неговиот сонародник Мауро Икарди во судиското надополнување (90+3`).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

БРИМА: Ексклузивното право на користење на резултатите од истражувањето е купено од „Слободен печат“ и не е платено од страна на Владата

Следно

Словенија има проблем со зависниците од вакцини, плаќаат стотици евра за да се вакцинираат повеќе пати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian