ФОТО: Суперкомпјутер ги предвиде шампионите во петте најсилни лиги, ПСЖ и Реал Мадрид се враќаат на тронот

2 mins read

Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) објави ново истражување кои ќе ги заинтригира фудбалските фанови.

Со помош на суперкомпјутер во кој се уфрлени податоци за фудбалерите, за трансферите во летниот преоден рок, како и за резултатите на екипите во последните 365 дена, е направена конечната табела за сезоната 2021/22 во петте најсилни лиги во Европа.

Суперкомпјутерот предвиде дека нема да има големи изненадување, во Англија, Германија и Италија, актуелните шампиони Манчестер сити, Баерн Минхен и Интер ќе ги одбранат титулите. Но, затоа нови шампиони се очекува да има во Франција и Шпанија каде суперкомпјутерот предвиде дека титулите ќе ги освојат ПСЖ и Реал Мадрид.

Во Премиер лигата по пет кола на чело на табелата се наоѓаат Челси, Ливерпул и Манчестер јунајтед со по 13 бодови, додека Манчестер сити е петти со десет бодови.
Според суперкомпјутерот, на крајот од сезоната Сити ќе биде шампион, Манчестер јунајтер ќе заврши како втор, Ливерпул ќе биде третопласиран, а Челси четврти.

Во Бундеслигата, лидери се Баерн Минхен и Волфсбург, додека Борусија Дортмунд е трета, а суперкомпјутерот пресмета дека токму ваков ќе биде конечниот распоред на табелата. Четвртото место ќе го освои Баер Леверкузен, додека Лајпциг ќе заврши како петти.

Шампионот нема да се менува во Серија А, Интер би требало да ја освои титулата, Наполи ќе биде втор, Милан ќе биде трет, Рома четврта, додека Јувентус според суперкомпјутерот ќе го освои шестото место.

Во Ла Лига, суперкомјутерот пресмета дека Реал Мадрид ќе ја освои титулата, Атлетико Мадрид ќе биде втор, Барселона трета, а Севиља ќе заврши како четвртопласирана.

Во француската Лига 1, ПСЖ ќе го симне Лил од тронот, Олимписк Марсеј ќе заврши како втор, додека третото место ќе го освои Олимпик Лион.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Џеко режираше пресврт за Интер во Фиренца

Следно

Германија ги повика земјите-партнери Тедрос да добие нов мандат на чело на СЗО

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian