Бројот на новозаразени лица во регионот повторно расте

2 mins read

Според најновите извештаи на епидемиолошката состојба во дел од регионот, бројот на новозаразени е скоро четирикратно зголемен во споредба со претходниот ден.

Во Словенија, тестирани се 5.728 примероци во последните 24 часа, од кои 1.308 лица се позитивни на корона вирусот, што е за 6,1 проценти помалку отколку во понеделникот минатата недела. Има 100 пациенти на интензивна нега, колку што имаше на крајот на мај годинава. Пријавени се три смртни случаи, вкупно 4.506 од појавата на пандемијата

Хрватска тестираше 9.777 примероци за корона вирус, од кои 1.037 се новозаразени, додека вчера имаше 264. Бројот на активни случаи денес е 7.464. На респиратор има 88 пациенти. Пријавени се дванаесет смртни случаи.

Во изминатите 24 часа, 526 новозаразени од коронавирус што е 200 повеќе регистрирани од претходниот ден во Босна и Херцеговина Пријавени се 24 смртни случаи.Вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 5.859.

Република Српска тестираше 572 примероци, од кои 209 беа позитивни за корона вирусот. Станува збор за 99 мажи и 110 жени, од кои 38 се помлади, 105 средовечни и 66 постари.

Пријавени се 12 смртни случаи – 10 мажи и две жени, средовечни и постари лица. Вкупниот број на смртни случаи во Српска од почетокот на епидемијата е 4.103. Во моментов, 7.989 луѓе се под здравствена заштита.

Со 1.719 позитивни за коронавирус, колку што има денес, Белград е единствениот град во Србија што има повеќе од 1.000 новозаразени луѓе дневно, според најновиот дневен пресек на бројките на корона во српските градови.

Во Србија денеска се регистрирани 7.232 пациенти заразени со коронавирус, а 38 лица починале. Тестирани се 25.014 луѓе, а 188 пациенти биле на апарати за дишење.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Покрај Мбапе, ПСЖ летово одби понуда тешка 100 милиони евра за својот капитен

Следно

Славчо Попоски прогнозира: Пред нас се многу студени утра, еве од кога!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian