Вујовиќ: Гурбиндо веќе има романски број

1 min read

Ракометарите на Вардар 1961 во среда против Брест Мешков ќе го игра првиот натпревар пред своите гледачи во новото издание од Лигата на шампионите, а во тимот повеќе не е најзвучното засилување кое пристигна летово, Едуардо Гурбиндо.

Недоразбирањата со тренерот Веселин Вујовиќ беа преголеми по што Шпанецот си замина од Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Динамо Букурешт.
Гурбиндо за шпанските медиуми веќе изјави дека во Вардар не го видел проектот кој му бил претставен при преговорите.

– Гурбиндо веќе има романски борј. За нас е изненадување неговото заминување. Ние уште од првиот ден го пречекавме до еуфорија, тој е еден класа играч и сигурно ќе недостасува, меѓутоа повеќе во одбрана отколку во нападот. Посебно во одбраната каде одлично ја читаше играта на противниците, додека вонападот ги имаме Њокас и Моралес кои можат да дадат повеќе. Му посакуваме среќа во иднина, и на крај од сезоната ќе видиме кој направил подобар избор – вели Вујовиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За 6 отсто зголемен бројот на ученици во стручните училишта, 97 дуални паралелки во новата учебна година

Следно

Највисокиот народ во светот почна да се намалува, а еве и зошто!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian