ВИДЕО: Пукна тиквата во ПСЖ, Меси лут поради замената

1 min read

Лионел Меси изминатиот викенд конечно дебитираше за ПСЖ на домашен терен, „светците“ славеа со 2:1 во дербито против Олимпик Лион, но Аргентинецот се најде во центарот на вниманието не поради неговата игра туку поради потегот кој го направи во 76 минута.

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино при резултат 1:1 во 76 минута одлучи да го изведе Меси од игра и на негово место да го стави дефанзивецот Ашраф Хакими.
Тој потег не му се допадна на Меси кој одби да се поздрави со Покетино.

По натпреварот тренерот Покетино го прокоментира потегот на Меси.
– Ова се одлуки кои ги носам за тимот. Сите знаеме какви играчи имаме, мора да избираме. Понекогаш може да им се допадне, а понекогаш не. Меси ми рече дека е добро – изјави Покетино.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Термини за ехо на дојка и мамографија се чекаат со месеци, се чекаат новите апарати од ЕУ

Следно

Магнезиум и дијабет тип 2

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian