Невреме со силен дожд, ветер и град зафати денеска делови од Кранојарскиот Регион во Русија, а беше забележано и формирање на неколку торнада над Црното Море, јавуваат локалните медиуми.
Торнадата, кои не траеле долго, се појавиле во близина на местата Џубги, Новомихајловско и Лермонтово, а не е забележана поголема штета, освен неколку паднати дрвја, пишуваат медиумите.
Торнадата не се ретка појава во Русија, но тие најчесто не се доволно силни за да предизвикаат голема штета и човечки жртви. Според метеоролозите, во земјата годишно се појавуваат во просек по околу сто торнада, а нивниот број расте низ годините.