Стано: Изборите во Москва ги замолкнаа критичарите и опозициските сили, ЕУ не верува во регуларноста на изборите

1 min read

Европската унија смета дека изборите во Русија се одвија во атмосфера на заплашување и се сомнева во регуларноста на нивното одржување, изјавија денеска од Европската комисија.

Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано, рече дека атмосферата во која се одржаа парламентарните избори во Москва ги замолчи критичките и опозициските сили.

Тој потсети дека на терен немаше меѓународни набљудувачи.

-Поради ова тешко е да се види како се одвиваа изборите навистина, но имаме индикации од локални независни набљудувачи кои пријавија бројни нерегуларности, рече Стано.

На изборите во Русија победи партијата на претседателот Владимир Путин со 49,64 отсто од гласовите. Портпаролот на руската влада изјави дека изборите биле фер и слободни, додека опозицијата алармира дека биле употребени лажни гласачки ливчиња и дека се заплашувале набљудувачите.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Недоразбирање и закани во Чаир

Следно

ДИК одбила две кандидатури за градоначалници и шест советнички листи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian