Реконструирани две детски зони во Карпош

1 min read

Службите на општина Карпош работат на реконструкција на уште две детски игралишта, на улицата „Пелистерска“ во Карпош 3 и на улицата „Букурешка“ во Тафталиџе 1.

Имено, во рамки на двете детски зони се отстрануваат старите и дотраени реквизити и на нивно место се поставуваат нови тобогани, клацкалки и лулашки.

Овие денови ќе бидат поставени сите реквизити, по што ќе се обнови и околната урбана опрема, клупите и корпите за отпадоци.

Локалната самоуправа континуирано работи на одржување на детските и спортски игралишта во сите населби. Сервисирањето на овие јавни простори е дел од буџетската програма на Секторот за живoтна средина и енергетска ефикасност.

Овие зони придонесуваат за безбедна игра и рекреација на најмладите, а го поттикнуваат маалскиот живот во населбите.

Во претходниот период беа реконструирани и детските игралишта во Карпош 4 (на ул. „Никола Парапунов“), Жданец, Средно Нерези, долж Кејот (во рамки на Спортско – адреналинскиот парк) и Бардовци (на плоштадот).

Ги повикуваме сите граѓани на одговорно користење на урбаната опрема, која се поставува со средства од Буџетот – пари на сите граѓани.
 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Вујовиќ: Вардар без навивачи не е Вардар

Следно

Трудо без парламентарно мнозинство, сепак може да остане премиер на Канада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian