По две години во затвор, Сеад Кочан бара помилување

2 mins read

Осудениот бизнисмен Сеад Кочан, кој досега одлежа нешто над две години од затворската казна од четири години и осум месеци за случајот „Труст“ за ископ на јаловина во РЕК Битола, бара помилување од државата, објави Алсат, повикувајќи се на свои извори.

Според телевизијата, Кочан веќе проследил барање до Министерството за правда да биде пуштен од затвор пред да ја одлежи во целост изречената казна.

Поранешниот сопственик на фирмата „Трансмет“ е во затвор од први август 2019 година. Кривичниот суд првично го осуди на шест години затвор за лажно формирање конзорциум за да добие тендер за ископ на јаловина. Но, Апелациониот суд му ја намали казната за 16 месеци.

Освен затворска казна за Кочан, судот пресуди и конфискација на 17 милиони евра од „Трансмет“ или онолку колку што тежеше тендерот кој Кочан го доби со тоа што формирал лажен конзорциум за да ги исполни условите да биде конкурентен. Конфискуван е имот од компанијата – 26 недвижности, 204 движни предмети од имотот на Кочан, меѓу кои 100 возила и други движни ствари, кои се под залог кај комерцијални банки.

Сепак, за Агенцијата за управување со одземен имот да почне да го распродава конфискуваниот имот, тој треба да биде „чист“ и врз него да нема никаква хипотека, пишува Алсат. Освен Кочан, на затворска казна од три години во случајот „Труст“ беше осуден и Василије Авировиќ. Но, висината на затворската казна ја коригираше Апелација и му беше определена алтернативна казна – две години условно. Неговата мајка, Владанка Авировиќ, беше дел од осумтемина пратеници кои ја поддржаа власта за промената на Уставот околу името на државата, како и за време на ратификувањето на договорот од Преспа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден во говорот пред ГС на ОН ќе истакне дека не верува во нова Студена војна

Следно

ВИДЕО: Араухо ја спаси Барселона од пораз и нов срам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian