МОН: Над 18 100 прифатени апликации на првиот повик за субвенциониран студентски оброк

2 mins read

Во првиот рок за аплицирање на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, кој траеше од 1 до 30 август, пристигнале 21 693 апликации, а прифатени се 18 149 соопшти Министерството за образование и наука. Повикот беше наменет за студентите од втора и повисоките години на студии. Апликациите се разгледани од надлежна комисија во МОН која одлучи за прифатените.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон за олеснување на животот на младите за време на студирањето. Девет месеци во годината студентите ќе добиваат по 2.400 денари наменети за купување здрави оброци.

– На сите кандидати решението им е испратено на електронската адреса која ја имаат наведено при поднесување на апликацијата, а тоа може да се најде и во самата апликација на порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ (во менито „мои апликации“) и да се преземе од таму, информира МОН, посочувајќи дека за дополнителни информации студентите може да се обратат на електронските адреси: qenan.sali@mon.gov.mk; nese.mustafa@mon.gov.mk и rahime.memedi@mon.gov.mk

Следниот рок за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк ќе почне на 1 октомври и ќе трае до крајот на месецот, а се однесува на студентите од новата академска година и оние кои не успеајa да го остварат своето право додека траеше претходниот рок за аплицирање на повикот.

Начинот на аплицирање е дигитализиран, односно пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, со прикачување на само два документа – пријава и изјава за точност на податоци и наведување податоци за лична трансакциска сметка.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На скијање во Австрија само вакцинирани, прележани или со негативен тест

Следно

„Граѓаните“ повеќе не му веруваат на Стерлинг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian