И Заев и Мицкоски велат дека нивната коалиција ќе биде апсолутен победник на локалните избори

3 mins read

И премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во телевизијата Канал 5, изразија увереност дека нивните коалиции ќе однесат убедлива победа на претстојните локални избори на 17 октомври.

„Резултатот на изборите навистина ќе го определи и патот по којшто ќе се движи државата, затоа што општините се многу важни, а ќе бидат и уштре поважни, затоа што следува следната фаза на децентрализацијата, пренесување нови надлежности и институции. Во таквата една коалиција којашто ја имаме од наша страна, којашто е победничка коалиција, којашто работи за иднината, од друга страна имаме една коалиција која ја нарековме политички брак, којашто ќе доживее развод затоа што не е природна, затоа што има спротивставени ставови околу најкрупните прашања во државата… сите знаат дека таа коалиција е неприродна, дека е направена поради политички цели, односно да се направат максимални обиди колку што може поизвесно да се направи исполнувањето на желбата да се биде власт. Ние ќе победиме и на градоначалничките места, во вкупен број, ќе победиме и во вкупен број на советнички места во државата, и во вкупен број на гласови во државата и ќе го победиме градот Скопје“, рече Заев.

„Би рекол две третини од граѓаните во определни општини, вклучително и градот Скопје, се незадоволни од актуелните градоначалници на СДСМ и во најголемиот дел тие истите градоначалници се повторени. Јас би рекол не гледам нови лица кај овие што за првпат стануваат градоначалници, имаме еден таков транзиционен политичар како тој во Прилеп, исто така имаме политичар во Струмица, имаме поранешен директор на скопско јавно претпријатие, за кого гледаме дека во гуша бил заглавен во криминал, а не кандидат за градоначалник за една скопска општина. Тоа граѓаните ќе го препознаат на следните локални избори и ќе видат како висстински се работи, па можеби и не би ме зачудило доколку и самиот Зоран Заев за четири години гласа за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што ние ќе покажеме дека не се сите исти, во оваа земја има луѓе кои што си ја сакаат државата“, реплицираше Мицкоски, кој додаде дека коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците и Алтернатива „не е политички брак, туку тоа е коалиција против корупција која што понатаму треба да ја води Владата во Македонија и таа Влада понатаму има серозно да расчисти со криминалот и корупцијата која што се случувапе изминативе четири години,“ рече тој.

„Запаметете ова што го кажувам, коалицијата против корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со Алијанса за албанците и Алтернатива ќе ве порази Вас и сите останати, бидејќи сте до гуша заглавени во криминал, господине Заев“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Славчо Попоски прогнозира: Топло-ладно, еве стабилизација на времето кога точно ќе има!

Следно

Куман е во добитна позиција, Барселона ќе му исплати милиони евра доколку го отпушти или не му го продолжи договорот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian