„Граѓаните“ повеќе не му веруваат на Стерлинг

1 min read

Актуелниот англиски шампион Манчестер сити размислува што да прави со Рахим Стерлинг, пренесуваат англиските медиуми.

Според нив, управата но и менаџерот Пеп Гвардиола, не се убедени дека Стерлинг може да биде од помош на клубот во иднина и поради тоа одолговлекуваат со новиот договор.

Актуелниот договор на Стерлинг истекува во 2023 година и Стерлинг има доволно време за да ги убеди челниците и Гвардиола за да му биде понуден нов договор. Но, од друга страна, управата планира сериозно да ги разгледува сите понуди кои во иднина ќе пристигнат за трансфер на англискиот репрезентативец.

Дополнителен проблем за Стерлинг е и доаѓањето на Џек Грилиш од Астон Вила кој веднаш доби место во првиот тим на Сити, а менаџерот Гвардиола повеќе им верува и на Феран Торес, Ријад Марез и Фил Фоден.
Наводно, интерес за Стерлинг во последните денови од преодниот рок пројавуваше Барселона која сакаша да го донесе на едногодишна позајмица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МОН: Над 18 100 прифатени апликации на првиот повик за субвенциониран студентски оброк

Следно

ФОТО | Црвен тепих на „Еми“ наградите: Елегантна „борба“ за пофалба од модните критичари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian