ДИК одбила две кандидатури за градоначалници и шест советнички листи

1 min read

Државната изборна комисија, поради ненавремено поднесување или формални недостатоци, одбила две кандидатури за градоначалници на Охрид и Струга, како и шест поднесени советничките листи – за општините Врапчиште, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Струга и Тетово.

Според ДИК, се работи за кандидати и листи на помали партии.

За советничките места во Град Скопје ќе се борат 15 политички парии, коалиции и граѓански движења, додека за 45-те места во Советот на Град Скопје со свои листи ќе се борат 15 политички партии, коалиции и независни граѓански групи, соопшти денеска ДИК.

ВМРО ДПМНЕ на овие локални избори оди со 62 кандидати, СДСМ пред граѓаните ќе се претстави со 68 кандидати, ДУИ во 19 општини, Алијанса и Алтернатива со 15 кандидатури, а како независни поддржани од група граѓани одат 27 кандидати. Изборната кампања почнува следниот понеделник на 27 септември и ќе трае се до 15 октомври. На 17 октомври граѓаните ќе гласаат на кого ќе ја доверат својата општина во следните четири години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стано: Изборите во Москва ги замолкнаа критичарите и опозициските сили, ЕУ не верува во регуларноста на изборите

Следно

ФИФА на 30. септември ќе одлучува за идејата Мундијалот да се игра на секои две години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian