Нашиот најпознат епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски, на својот профил на социјалните мрежи, пренесе како изгледа настава во живо, во германските училишта. Тој вели дека тајната во успешна настава во овие училишта лежи во честото тестирање, настрана маските, проветрувањето и хигиената.
-Копајќи“ низ сајтот на Министерството за образование на Долна Саксонија (една од 16 федерални држави во Германија), налетав на писмо на Министерот за образование, Грант Хендрик Тоне, до родителите и чуварите на законот.