Бајден во говорот пред ГС на ОН ќе истакне дека не верува во нова Студена војна

1 min read

Американскиот претседател Џозеф Бајден, кој утре треба да зборува пред Генералното собрание на ОН, ќе нагласи дека „не верува во идејата за нова Студена војна”.

– Бајден утре ќе стави до знаење дека не верува во идејата за нова Студена војна со светот поделен на блокови, изјави неименуван функционер во контекст на ривалството меѓу Вашингтон и Пекинг.

Американскиот претседател „верува во силна, интензивна и принципиелна конкуренција”, додаде истиот извор.

Според него, Бајден сака да и даде до знаење на меѓународната заедница дека „го затворил поглавјето за војната” и дека отвора поглавје посветено на ефикасна и одлучна американска дипломатија што ќе соработува со сојузниците и партнерите во решавањето проблеми.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Селекторот Савевски го објави списокот на ракометарки за ЕХФ Евро купот

Следно

По две години во затвор, Сеад Кочан бара помилување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian