Амбасадата на САД бара од Косово и Србија да се воздржат од еднострани дејствија

1 min read

Амбасадата на Соединетите држави во Косово денеска ги повика Косово и Србија „да се воздржат и веднаш да ги намалат тензиите што произлегуваат од воведувањето на мерките за реципроцитет во сообраќајните таблички од страна на Косово“. соопшти амбасадата на САД преку социјалната мрежа Твитер.

Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано, на денешната прес -конференција ги повика Белград и Приштина да ги запрат меќусебните тензии

Стано рече дека Косово и Србија треба да го користат дијалогот како единствена платформа за решавање на сите отворени прашања, вклучително и слободата на движење.

Многу возила беа запрени денеска на граничните премини Јариње, Брњак и Мердаре, додека косовската полиција не дозволи ниту едно возило од Србија да влезе во Косово без привремени таблички издадени од косовската МУП.

Одлуката за тоа денеска ја потпиша министерот за внатрешни работи на Косово, а претходно изгасана од косовската влада

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Дортмунд се свесни дека тешко ќе го задржат Халанд по идното лето

Следно

Славчо Попоски прогнозира: Топло-ладно, еве стабилизација на времето кога точно ќе има!

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian