Заев: Досега се регистрирани над 1 милион граѓани

1 min read

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, преку објава на својата официјална Фејсбук страница, ја извести јавноста дека досега се регистрирани над 1 милион граѓани, информира ГАЗЕТА.МК

Заев во оваа прилика напиша дека овие граѓани преку нивниот позитивен одговор кон процесот на Пописот 2021 ја завршиле својата обврска кон државата, но и кон самите себе.

„Еден милион причини не водат до финалната фаза од од најзначајната државна и статистичка операција што ја чекавме цели 20 години. Успешниот попис е гаранција за сигурна иднина на Република Северна Македонија. Честитки до сите попишувачи и до целиот тим на Државниот завод за статистика“, напиша Заев.

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, ја заврши својата објава на Фејсбук со една порака до сите граѓани на Северна Македонија, во која он им порачува дека нашите граѓани се повеќе од бројка и ги охрабри да учествуваат во процесот на Попис на население 2021.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

ФОТО | Полицијата пронашла двегодишно девојче и бебе во шума: Пораката го открила нивното потекло

Следно

Евакуација на лица со слаба подвижност од шпанскиот остров Ла Палма

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian