(ВИДЕО) Воен авион се урна во населено место во Тексас, пилотите хоспитализирани, тројца се повредени!

1 min read

Двајца пилоти се хоспитализирани, а три лица се одведени во болница поради полесни повреди, откако воениот авион се урна во населбата Лејк Ворт во Тексас соопштија официјалните лица.

Според Службите за итна помош во Форт Ворт, тие добиле повик во кој биле информирани дека двајцата пилоти од авионот се катапултирале.

Се работи за еден пилот инструктор и еден студент пилот кој се обучувал да лета на авионот за обука на поморски воздухопловни сили „Т-45С Госак“

Авионот се урнал во населено место на околу една милја северно од заедничката резервна база на поморската воздухопловна станица Форт Ворт.

При уривањето на авионот три куќи биле оштетени  а тројца о жителите во   куќите биле  полесно повредени .

Едниот пилот бил пронајден заглавен во далновод со својот падобран. Вториот пилот е пронајден во блиската населба, соопти полицијата

„Местото на падот е во близина на област означена од војската како„ зона на потенцијални несреќи “, област каде што може да се случи несреќа додека се приближува или ја напушта базата“, соопштија официјалните власти полицијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Како да ја протолкувате крвната слика: Што значат кратенките и на што укажуваат нивните вредности

Следно

ВИДЕО: Реал Мадрид за две минути ја реши Валенсија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian