ВИДЕО: Реал Мадрид за две минути ја реши Валенсија

1 min read

Фудбалерите на Реал Мадрид дојдоа до трите бода откако во петтото коло во Ла Лига со голем пресврт славеа над Валенсија со 2:1.

Победата на „Местаља“ го искачи Реал Мадрид на врвот на табелата во Ла Лига со 13 бода, два повеќе од Атлетико Мадрид кој вчера ремизираше со Атлетик Билбао.

Валенсија пак го забележа првиот пораз сезонава и остана на десет бодови со кои се наоѓа на делба на третото место на табелата заедно со Реал Сосиедад.

Фудбалерите на Реал Мадрид беа многу подобар тим на теренот, упатија дури десет удари во рамки на голот на Мамардашвили, но резултатот го отвори Валенсија и тоа во 66 минута. Стрелец на голот беше Уго Дуро.

Офанзивната игра на „кралевите“ вроди со плод во самиот финиш, во 86 минута Винисиус Жуниор по асистенцијата на Карим Бензема го израмни резултатот, а веќе во следниот напад постигнаа уште еден гол. Овој пат Винисиус му асистираше на Бензема кој со голот го искачи неговиот тим на првото место на табелата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

(ВИДЕО) Воен авион се урна во населено место во Тексас, пилотите хоспитализирани, тројца се повредени!

Следно

Фаучи: Како да избегнеме еден милион жртви од коронавирус во САД?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian