ВИДЕО: Ново гол шоу на Халанд за триумф на Борусија Дортмунд

1 min read

Фудбалерите на Борусија Дортмунд предводени од Ерлинг Халанд приредија вистински фудбалски спектакл во петтото коло во Бундеслигата.

„Милионерите“ со 4:2 го совладаа Унион Берлин, а Халанд два пати се запиша во листата на стрелци за нови три бодови со кои се искачија на второто место  на табелата со само еден бод помалку од лидерот Баерн Минхен.

Рафаел Гереиро во 10 минута го отвори резултатот, а Халанд во 24 минута зголеми на 2:0 за Борусија. На стартот од второто полувреме Фридрих си постигна автогол за 3:0 во корист на Борусија. Но, гостите не се предадоа и со два гола преку Крузе и Волгсамер најавија неизвесна завршнива. Но, надежите на гостите за изненадување ги урна Халанд со својот втор гол.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕКСКЛУЗИВНО: Од утре резултатите од истражувањето на „Брима“ во пресрет на локалните избори

Следно

Вучиќ нема да доживее да ја види Србија поуспешна од Хрватска, сметаат економистите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian