Јунајтед се подготвува за зимскиот преоден рок, Солскјер продава седум играчи за да донесе само еден

1 min read

Манчестер јунајтед денеска го очекува тежок натпревар против Вест Хем во Премиер лигата, но навивачите и англиската јавност сè уште се занимаваат со поразот од Јанг Бојс на стартот од Лигата на шампионите.

Впечатокот е дека играчите „полетаа“ во облаци по доаѓањето на Критијано Роналдо и лесната победа над Њукасл додека натпреварот со Јанг Бојс беше соочување со вистината.
Иако е рано за носење некакви заклучоци, повеќе е јасно е дека менаџерот Оле Гунар Солскјер подготвува чистка во соблекувалната и планира уште во јануари идната година да се одлободи од дури седум фудбалери.

На листата на отстрел се наоѓаат Фил Џонс, Ерик Баји, Диого Дало, Алекс Телеш, Ентони Марсијал, Џеси Лингард и Дони ван де Бек.

Во Јунајтед се свесни дека во зимскиот преден рок тешко се прават големи трансфери но Солскјер во договор со управата на Јунајтед планираат да се ослободат од седуммината и заработената сума да ја инвестираат во еден играч, Деклан Рајс.

Солскјер е подготвен во трансферот на Рајс покрај одредена сума на пари да го вметне и Лингард, но голем проблем претставува барањето на Вест Хем кој го проценува Рајс на дури 100 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче и Заев поважни се грчките плажи од животот на 14-те изгорени во Тетово

Следно

Крцкаво пилешко во чипс со таратор сос: Ручек готов за 30 минути!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian